Холандскиот стручњак Луис ван Гал не може да се помири со отказот од Манчестер Јунајтед и посакува ангажман во некој голем клуб од Премиер лигата за да му се освети на „црвените ѓаволи“.
Управата на клубот од Олд Трафорд договорот со Ван Гал го раскина една година пред официјалното истекување на тригодишната соработка.
– Не се бавам повеќе со клупски ангажман, но можам тоа да го променам ако некој голем клуб од Премиер лигата ме ангажира и да му кажам на Манчестер Јунајтед дека погреши со мене. – изјави Ван Гал и додаде. – Немам ништо против Мурињо, туку Ед Вудвард ме прескокна мене и преговараше со друг менаџер, а јас бев на таа позиција.
„Црвените ѓаволи“ со Ван Гал на клупата освоија титула во ФА Купот, но потфрлија во Премиер лигата и Лигата на Шампиони, каде некогаш играа главна улога.
OhridNews