Ривалството меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е големо и пред секој нов меч се прават анализи и споредби кој е подобар. Нивната нова пресметка ќе се одигра на Енфилд во недела во 15:05 часот, а Луис ван Гал на необичен начин го најави дербито.
– Неможам да замислам Манчестер Јунајтед да не освои титула 27 години во Премиер лигата. Ние се наоѓаме во транзиција и имаме добра инфраструктура за враќање на победничките патеки. Слободно можеме да кажеме дека потфрливме сезонава, но уште се игра и има простор за напредок на табелата. – рече Ван Гал.
Во досегашните три натпревари холандскиот стручњак како менаџер на „црвените ѓаволи“ има три победи над големиот ривал во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед со 34 бодови се наоѓа на шестата позиција, а Ливерпул со три бодови помалку ја зазема деветта позиција на табелата.
OhridNews











