Францускиот репрезентативец Ентони Марсијал одигра централна фигура во ремито (1-1) во Москва меѓу ЦСКА и Манчестер Јунајтед во третата рунда од Лигата на Шампиони.


Изедначувачкиот погодок за „ѓаволите“ го постигна токму Марсијал кој претходно непромислено одигра со рака во својот шеснаесеттик.

– Реакцијата при нивната акција на Марсијал беше глупава, но можеби беше и офсајд. Не можиме да бидиме среќни со ремито бидејќи контролиравме повеќе од натпреварот. Во вториот дел доминиравме целосно, а натпреварот не очекувано го започнавме многу бавно со што им дозволивме на домаќините да креираат неколку прилики за погодок. – рече менаџерот на Јунајтед, Луис ван Гал.

Со четири бодови од три натпревари фудбалерите од Олд Трафорд ја делат втората позиција со ЦСКА Москва кој во следната рунда гостува во Манчестер.

Мх.П.