Манчестер Јунајтед на Емирати во дербито со Арсенал го претрпе вториот пораз сезонава. „Топчиите“ со 3-0 го совладаа анемичниот противник кој го одигра најслабиот натпревар до сега.


– Имавме крајно лош вовед во натпреварот што не чинеше три погодоци и пораз. Ги загубивме сите дуели на средината на теренот, им ја предадовме многу лесно играта што беше лошо по нашата игра. Ќе барам одговорност од сите играчи за поразот бидејќи комплетно потфрлија. Ние бевме првопласирани пред овој дуел и само со добра и организирана игра можеме да се вратиме таму. – рече холандскиот стручњак Луис ван Гал.

„Црвените ѓаволи“ минатата недела осамнаа на врвот по пауза од 110 недели или прв пат по заминување од Сер Алекс Фергусон од Олд Трафорд.

По репрезентативната пауза Јунајтед ќе ги одмери силите со Евертон на „Гудисон Парк“ и на Олд Трафрод со градскиот ривал Манчестер Сити.

Мх.П.