Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал пет месеци не ќе може да смета на Антонио Валенсија кој успешно ја оперираше левата нога.


Еквадорскиот репрезентативец се повреди на мечот со Манчестер Сити на Олд Трафорд, а по деталните прегледи констатирано беше дека неопходна е операција.

Холандскиот стручњак некогашниот играч на Виган го користи во неколку опции во неговите формации и неговото отсуство ќе преставува хендикеп.

Покрај црномурестиот фудбалер на десната бековска позиција игрaат Матео Дармијан и Ешли Јанг кој исто така ротира во формациите од Ван Гал.

Јунајтед веќе подолго време е без стандардниот лев бек Лук Шо кој се здоби со страотна повреда со ПСВ во лигата на Шампиони.

Ohridnews