Сапуницата со менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед има нова епизода откако најновите информации говорат дека сегашниот Луис ван Гал ќе остане и следната сезона.
Останувањето на Ван Гал на Олд Трафорд (ќе) значи и одработување на целосниот договор кој стручњакот и клубот го потпишаа пред две сезони.
Управата на Манчестер Јунајтед за потребите на менаџерот му обезбеди и 100 милиони евра за засилување кои според прикажаното на моменталните играчи му се неоходни на екипата.
Се уште нема информација на кои играчи ќе ги потроши парите Ван Гал сепак навивачите на „црвените ѓаволи“ ги очекува бурно лето.
OhridNews