Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал ја разреши дилемата околу иднината на Давид де Геа отфрлувајќи го трансферот од Олд Трафорд на Сантијаго Бернабеу.
– Ние остануваме на истата одлука од претходно, а таа значи дека Де Геа не е за продажба. – кратко прокоментира Ван Гал за шпанскиот чувар на мрежата.
Де Геа има уште една година од важечкиот договор и следната ако не го продолжи стариот од англискиот клуб во било кој друг ќе замине без оштета.
Ван Гал во своите редови го донесе аргентинскиот голман Ромеро, а староседелци се веќе Виктор Валдес и Андерс Линдергард.
Ohridnews