Манчестер Јунајтед претрпе пораз од Волфзбург (3-2) во мечот на сезоната во Лигата на Шампиони и неславно се збогуваше од понатамошните возбудувања во најеминетното клупско натпреварување во Европа.


– Разочаран сум јас исто и фудбалерите откако не успеавме да го добиеме мечот кој за нас живот значеше. Потфрливме во одбраната, онаму каде што сезонава играме доста добро. Ние имавме резултат во два наврати, но домаќините веднаш ни се враќаа во игра. Ова требаше да биде наша ноќ, но испадна кошмар. – рече Ван Гал.

Холандскиот стратег се осврна на поништениот гол од Лингард поради офсајд позиција на Мата иако тој не играше со топката. – Мата воопшто не се мешаше во акцијата, но според новите правила тоа е офсајд. И да не му сметаше Мата немаше голманот да ја одбрани топката.

„Ѓаволите“ завршија на третата позиција во групата и мечевите ќе ги продолжат во Лигата на Европа.

ЛШ : Драмата во Б групата со несреќен крај за Манчестер Јунајтед (видео)

Мх.П.