Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал го преживеа бурниот период кој настана по поразот од Норвич на Олд Трафорд во 17-та рунда од Премиер лигата.


Третиот пораз во серија и шестиот натпревар без победа сериозно ја разниша менаџерската позиција на Ван Гал. Раководството на „црвените ѓаволи“ на итен состанок во Лондон одлучиле да останат на првата шанса која му ја пружија на Холанѓанецот, а тоа се мечевите со Стоук и Челси.

Речиси сите медиуми го промовираа Жозе Мурињо за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, но еуфоријата ја спласна агентот на Португалецот, Жорге Мендез кој негираше било каков договор.

Следниот период и натпревари ќе покажат најдобро дали Ван Гал ја заслужува поддршката од навивачите и управата на Јунајтед која несебично ја има(ше).

Ohridnews