Манчестер Јунајтед благодарание на Робин ван Перси, кој погоди за 1-1 во 93-та минута освои бод на дерби пресметката со Челси на Олд Трафорд.
Тој изедначувачкиот погодок го прослави со соблекување на дресот што значеше жолт картон, а за тоа Холанѓенцот доби опомена од менаџерот на „ѓаволите“ Луис ван Гал.
– Разбирам дека фудбалерот е возбудлив, но тоа не треба да го натера да го соблече дресот. Потегот на Ван Перси е нелогичен и не е баш најпаметен. Жолтиот картон сега не значи ништо, но подоцна може да не чини скапо во составување на екипата за другите натпревари – рече Ван Гал.
Манчестер Јунајтед веќе следниот викенд го очекува нова дерби пресметка и тоа градската против Манчестер Сити.
Мх.П.