Манчестер Јунајтед по пауза од 110 недели или од крајот на сезоната 2012/13 се врати на првата позиција на табелата во Премиер лигата.


„Црвените ѓаволи“ со 3-0 го совладаа Сандерленд на Олд Трафорд, а во нивни прилог беше поразот на градскиот ривал Манчестер Сити на гостувањето во Лондон од Тотенхем 4-1.

– Натпреварите ги победуваме поради ротацијата на играчите која ја правиме. Минатата сезона беше лоша за нас бидејќи немавме баланс во екипата, а оваа е сосема поразлично. Чувствувам дека од натпревар во натпревар напредуваме. Само со таков континуитет ќе го задржиме ова темпо кое го имаме наметнато самите ние. – рече менаџерот на „ѓаволите“.

Вистински шампионски тест „ѓаволите“ ќе имаат на следните три натпревари каде ќе се сретнат со Арсенал и Евертон во гости и со Манчестер Сити на Олд Трафорд.

Мх.П.