Манчестер Јунајтед ја испушти и последната шанса сезонава да освои трофеј откако на Олд Трафорд претрпе пораз од Арсенал во 1/4 финалето во ФА Купот.
– Им реков на играчите во соблекувалната дека им ја поклонивме победата, и тоа е најголемото разочарување. Во второто полувреме, имавме први шанса, а потоа им поклонивме гол. Ние не губиме од противниците, туку од самите себе, тоа е разочарувачко. Игравме да победиме, да го совладаме противникот, вистински го сакавме полуфиналето. – рече Луис ван Гал.
Погодоците за „топчиите“ ги постигнаа Начо Монреал и Дени Велбек додека за „ѓаволите“ стрелаше Вејн Руни.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер после девет години пауза се радуваше на триумф на Олд Трафорд над големиот ривал.
Мх.П.