Ремито со Челси на Стемфорд Бриџ тешко му падна на менаџерот на „ѓаволите“, Луис ван Гал. По ремито притисокот врз холандскиот стручњак уште повеќе се зголеми што очигледно не го поднесува.


Ван Гал на прашањето од новинарите за евентуален отказ после завршување на сезоната одговори луто и со закана дека ќе го разреши новинарот кој го поставил прашањето.

– Зошто клубот да демантира работи кои вие сами ги измислувате ? Со никого немате разговарано, а пишувате се и сешто за мене. Можам и јас да кажам дека ти утре ќе добиеш отказ. Па тоа сега одма да го објавам. Пишите што сакате, но јас се уште сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Сигурно сите се сеќавате на првите сезони на Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд, ако не погледнете ја статистиката слободно. – рече Ван Гал.


Со бодот освоен против Челси, Манчестер Јунајтед стигна до 41-от сезонава што го сместува на петтата позиција на табелата.

OhridNews