На почетокот на сезоната менаџерот на „ѓаволите“ Луис ван Гал имаше сериозни проблеми со одбраната, но сега има со нападот.
Поради суспензија Вејн Руни беше аут три натпревари, а по повредата на тренингот пред мечот со Челси во комбинација не беше Радамел Фалкао.
Ван Гал против лидерот на табелата Челси на Олд Трафорд настапи само со Робин ван Перси, кој постигна погодок за реми во судиското продолжение.
Казната на Руни од три натпревари истече, но тој се повреди и неговиот настап викендов против градскиот ривал Манчестер Сити е под знак прашалник.
Фалкао сеуште не се знае колку ќе биде надвор од терените и по се изгледа заменикот капитен Ван Перси повторно ќе биде ударната игла на Манчестер Јунајтед овој пат на „Етихад“.
Мх.П.