Англискиот репрезентативец Дени Велбек на истекот од летниот преоден рок од Манчестер Јунајтед се пресели на „Емирати“.

Неговиот трансфер наиде на негодување на поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед, а менаџерот на „ѓаволите“ даде свое видување за трансферот.

– На подготовките му дадов шанса на сите фудбалери да ги покажат своите квалитети. Тој на Олд Трафорд е од својата деветта година, а веќе три години е дел од првата екипа и сеуште не го достигнал нивото на Руни и Ван Перси. Затоа се одлучивме да го продадеме и да ангажираме други напаѓачи – рече холандскиот стратег.

Покрај Велбек од Јунајтед замина и Чичарито, а пристигна колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао.

Мх.П.