Манчестер Јунајтед сезонава се соочува со сериозни проблеми во нападот кој потполно потфрли во досегашните мечеви во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал во јапонскиот фудбалер Јошинори Муто кој настапува за Мајнц најде решение за стерилниот напад.
Муто сезонава блеска во Бундес лигата постигнувајќи седум голови и асистирајќи исто толку пати во првата полусезона.
Напаѓачкиот двоец на Јунајтед, Вејн Руни и Ентони Марсијал имаат скромен заеднички учинок реализирајќи само шест погодоци во Премиер лигата.
Ohridnews











