Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси, ги одбил понудите на турските Галатасарај и Фенербахче, по завршувањето на сезоната да се пресели во некој од овие два тима.


Според англиските медиуми, двете турски екипи биле подогтвени на 31-годишниот напаѓач да му понудат неделна плата од 220.000 фунти, што е повеќе од платата којашто ја добива во Манчестер Јунајтед.

Ван Перси во 2012 година од Арсенал се пресели во Јунајтед и потпиша четиригодишен договор. Холандскиот репрезентативец кој неодамна се врати во тимот на Манчестер Јунјатед по паузата предизвикана од повредата на коленото, сезонава има постигнато десет голови на 24 натпревари.

„Макфакс“