Холанѓанецот Робин ван Перси го одбележа дербито во Купот на Турција меѓу Бешикташ – Фенербахче кое заврши во корист на гостите со 1-0.
Некогашниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед прво исценира црвен картон од Душко Тошиќ, а подоцна го постигна решавачкиот погодок на мечот. Ван Перси погодокот го прослави на колена кон фудбалерот на Бешикташ, Огузан Озукуп со кој заедно играа во Арсенал.
После натпреварот сопругата на Тошиќ, Јелена Карлеуша на социјалните мрежи го нападна Ван Перси, но на барање на сопругот пејачката го избриша натписот.
OhridNews