Едно од последните засилувања на Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд, Робин ван Перси ќе го напушти клубот по завршување на сезоната.
Според „Goal.com“ тој е во преговори со турскиот гигант Фенербахче, а главна улога во трансферот на Ван Перси ќе одигра Дирк Кајт кој веќе неколку сезони настапува во Турција.
Ван Перси има уште две години од договорот со „црвените ѓаволи“, но лесно може да се случи тој да замине од Олд Трафорд по доаѓањето на Радамел Фалкао.
Мх.П.