Со погодокот на Робин ван Перси во третата минута од продолжението „ѓаволите“ осигураа бод со Челси ремизирајќи 1-1.


„Сините“ веќе ги имаа в пишано трите бодови од Олд Трафорд откако Дидиер Дрогба во 51-та минута погоди за 1-0.


Челси го чуваше водството до 93-та минута кога Бранислав Ивановиќ направи несмасен фаул, од кој подоцна Јунајтед преку ван Перси го постигна изедначувачкиот погодок.


Со ремито Јунајтед на некој начин ја „спаси“ Премиер лигата бидејќи избраниците на Жозе Мурињо ќе им побегнаа шест бодови на Саутемтон односно осум на Манчестер Сити.

Резултати : Барнли – Евертон 1-3, Тотенхем – Њукасл 1-2, Мен Ју – Челси 0-1.

Табела : Челси 23, Саутемптон 19, Мен Сити 17, Вест Хем 16, Арсенал 14…

 

Мх.П.