Манчестер Јунајтед ја продолжи победничката серија во Премиер лигата откако во последниот дуел од 15-та рунда го совлада Саутемтон со 2-1.
Петтиот триумф во низа за „ѓаволите“ го донесе Робин ван Перси, кој ги постигна двата погодоци. Холанѓанецот погодуваше по еднаш во двете полувремиња за витална победа на Јунајтед на тешкото гостување на „Стадионот на светлината“.
Со оваа победа избраниците на Луис ван Гал избија на третата позиција на табелата и полека се вмешуваат во трката за титулата додека „светците“ паднаа на петтото место.
Мх.П.