Капитенот на „лалињата“, Робин ван Перси не размислува за повлекување од селекцијата покрај разочарувачкиот исход во квалификациите за Европското првенство во Франција следната година.
Холандија квалификациите за ЕП ги започна како четвртопласирана селекција на ФИФА рејтинг листата, а заврши на четвртата позиција позади Турција, Чешка и Исланд.
– Повлекувањето од селекцијата за мене не е опција. Но, во иднина ќе зависи од тоа колку ќе бидам подготвен. – рече Ван Перси и додаде. – Многу проблеми ни се насобраа во овој квалификациски циклус и мораме сите заедно да ги надминиме. На селекторот му стојам секогаш на располагање, а чест ми е да играм за Холандија во добро и во лошо.
Ван Перси на последниот меч во квалификациите за ЕП против чесите го одигра јубилејниот 100-от натпревар за Холандија.
Мх.П.











