На залезот од брилијатната кариера Робин ван Перси се врати во клубот од детството. Тој денеска официјално беше преставен во Феенорд од каде започна неговата блескава фудбалска приказна.

Ван Перси во 2004 година како 20-годишен фудбалер замина од Феенорд во Арсенал, каде под водство на Арсен Венгер прерасна во врвен голгетер.

Дресот на „топчиите“ го носеше осум сезони, а во 2012 година се пресели во Манчестер Јунајтед. Во трите сезони на Олд Трафорд, Холанѓанецот ја освои Премиер лигата и наградата за најдобар стрелец во Англија. Од колевката на фудбалот замина во Фенербахче, но не успеа да ги повтори настапите од Премиер лигата.

Ван Перси во Феенорд ќе го носи бројот 32 со кој и започна својата прва авантура во холандскиот клуб.

OhridNews