Капитенот на Интер, Мауро Икарди феноменално ја започна новата сезона во Серија А постигнувајќи шест погодоци на првите пет мечеви.

Неговиот учинок на стартот е причина за задоволство на сите во клубот, но исто така и причина за грижа, откако во акција се впушти неговата сопругата Ванда Нара која воедно и го застапува фудбалерот.

Атрактивната старлета која во Италија стана позната по скандалот, односно растурениот брак со Макси Лопез да се зближи со Мауро Икарди сака скапо да ја наплати моментална форма на сопругот.

Ванда Нара од управата на Интер ќе бара покачување на платата, односно Икарди да заработува по 8 милиони евра годишно со кои би станал најплатен фудбалер во Серија А.

Моментално, Икарди заработува 5.5 милиони по сезона, а со оглед на формата и резултатите ништо чудно „нероазурите“ да потклекнат пред понудата од Ванда Нара.

OhridNews