Некогашниот фотомодел Ванда Нара во нов скандал го вмеша екс сопругот Макси Лопез кој беше еден од специјалните гости на Барселона во Торино на мечот со Јувентус во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.

Трите дечиња кои ги имаат од завршениот брак посакувале да се сликаат со ѕвездите од Барселона, а Ванда Нара прифатила да ги пушти, но на денот не го направила тоа и медиумски ја искористила сликата која Макси Лопез ја поставил со фудбалерите на Барселона на социјалните мрежи.


– Пред неколку дена мојата бивша сопруга ми пушти порака како нашите дечиња сакаат да го гледаат мечот Јувентус – Барселона и да се сликаат со ѕвездите од двете екипи. Организирав се, но таа ми се јави и ми рече дека не може да ги донесе дечињата, а причина не ми наведе никаква. Отидов сам, а таа отворено ме нападна дека не сум можел ништо да организирам за моите деца. Обезбедив и дресови од Иниеста, Маскерано и Меси кои требаше да бидат поклон за моите дечиња, но таа не ги пушти и на крајот ме обвини. – изјави Макси Лопез кој минатата декада го бранеше дресот на Барселона.

Сопруграта на Икарди исто така го обвини Макси Лопез за агитирање кај Меси и Маскерано да не го повикуваат капитенот на Интер во селекцијата на Аргентина.

OhridNews