Ноќеска во градскиот парк, пред рибниот ресторан и на потегот од пристаништето до хотел Палас од страна на непознати сторители речиси целосно е уништено новогодишното осветлување .

Како што информираат од ЈП КОмуналец, украдени се два рефлектори кои го осветлуваат паркот во текот на целата година, 20 реквизити од новогодишниот расветлувачки материјал, а искинати и уништени се и каблите од остатокот новогодишни реквизити- светлечки мрежи и  сијалички. Случајот е пријавен во СВР- Охрид.

– За жал ваквото дивеење над се’ она што е убаво и вредно, не само за нас охриѓани, туку и за многубројните туристи, остава крајно негативен впечаток и со ништо не може да се поправи. Се поставува прашање-  кому му смета тоа што Охрид е еден од најуредените градови, кој со овие светлечки раквизити изгледаше како идилична бајка, велат од јавното претпријатие.

Од ЈП КОмуналец информираат дека поради уништувањето, украсите ќе бидат повлечени.

OhridNews