Ванеса Парадис му наредила на Џони Деп да ја држи својата девојка понастрана од нивните деца и се припрема за освојување на неговото богатство.

Ванеса била целосно скршена од сознанието дека нејзината животна љубов е во долгогодишна врска со Амбер Херд.

Но, и покрај емоционалната болка, Ванеса одлучила да се бори, ако не за својот маж, тогаш барем за што поголем дел од неговото богатство. Се работи за 350 милиони долари.

-Ванеса можеби изгледа храбро, но во целост е скршена, вели близок извор, и додава дека не постојат пари што ќе ја ублажат нејзината болка. Толку била повредена и лута што не е претерано рационална, но сите и веруваат на зборовите дека никогаш нема да му прости на Џони за тоа што му го сторил на семејството.

“Ванеса не ја сака Амбер во близина на своите деца. Тоа му го кажала и на Џони, но тој е толку луд по Амбер што не размислува за ништо друго освен за неа“, раскажува изворот.