Претставниците на политичките партии потписници на договорот од Пржино денеска одржаа средба со олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте, на кој присуствуваше и претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, јавува „Макфакс“.

За време на средбата, Чичаковски го информирал Ванхауте дека ДИК смета дека технички изборите може да се одржат на 24 април, но до тој рок не може да биде прочистен избирачкиот список.

„Претседателот и еден експерт од ДИК ги презентираа фактите и бројките, нивната позиција и сугестиции за тоа што е возможно и за тоа што не е возможно“, рече Ванхауте.

Според него, особено е важно тоа што сите членови на работката група, кои се од различни политички партии, се свесни за проблемите за навреме да се стигне со Избирачкиот список.

Разговорите за сите технички појаснувања треба да продолжат во ДИК, со голед дека политичките партии имаат свои членови, рече Ванхауте.

Тој оцени дека нема потреба од држење до рокови, туку првнг треба да се обезбедат сите услови за пречистување на Избибарчкиот список за да се обезбедат кредибилни избори.

OhridNews
извор: „Макфакс“