Во рамки на изборната кампања за претседателски избори утре со почеток од 15:00 часот, претседателската кандидатка од Левица, Билјана Ванковска доаѓа на средба со охриѓани на Градскиот плоштад во Охрид, заедно со носителката од петтата изборна единица, Јована Мојсоска.

Граѓаните ќе имаат можност непосредно да комуницираат и да се запознаат со нашите кандидати и лично да разговараат за програмските определби на претседателската кандидатка на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска. Таа ќe биде реден број пет на изборното ливче за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април, 2024 година. Искрената борба што ја водат нашите редови, не’ прави различни и единствени!, велат од Левица.

OhridNews