Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека нивните екипи се на терен и ги вршат потребните активности со цел да продолжи редовното снабдување со вода во селата Вапила и Ливоишта, каде веќе два дена има прекин во водоснабдувањето.
Од јавното претпријатие потенцираат дека причина за настанатиот прекин во водоснабдувањето во двете охридски села е извршениот прекин на електричната енергија за потребите на пумпната станица од страна на екипите на ЕВН поради неисплатени сметки за потрошена електрична енергија.
– МЈП Проаква Р.Е.Водовод Охрид се уште не ја има преземено во целост обврската за отстапување на управување и одржување на водоснабдителниот систем за Вапила и Ливоишта.И покрај тоа МЈП Проаква Р.Е.Водовод Охрид врши редовно одржување на пумпната станица, но обврската за плаќање на надоместокот за потрошена електрична енергија за пумпната станица е на Месната заедница, објаснуваат од МЈП Проаква.
Од претпријатието додаваат дека со цел обезбедување на квалитетно и редовно водоснабдување на жителите на Вапила и Ливоишта со вода за пиење, од нивна страна извршено е плаќање на дел од долгот кон ЕВН.
OhridNews