Тотенхем направи мал, но конкретен чекор кон финалето во англискиот Лига куп победувајќи го Челси во првиот натпревар на Вембли со минимални 1-0.

Стрелец на погодокот за победа беше Хари Кејн во првиот дел од белата точка. „Петлите“ голот на одлука го постигнаа со помош од видео технологијата (ВАР). Судијата Мајкл Оливер по сугестија од собата каде што се наоѓа ВАР-от досуди удар од белата точка иако вториот асистент првично сигнализираше офсајд.

Во вториот полуфинален меч силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Бартон. Реваншите во полуфиналните пресметки се играат за две седмици.

OhridNews