Видео технологијата (ВАР системот) која зема се поголем замав во светскиот фудбал без употреба дебитираше во колевката на фудбалот.

Главниот арбититар Андре Маринер на мечот од ФА Купот помеѓу Брајтон – Кристал Палас кој заврши во корист на домаќините 2-1 ниту еднаш не се повика на помош од ВАР системот.

Втора шанса за деби во англискиот фудбал видео технологијата ќе има во едно од двете полуфиналиња во Лига купот во кој силите ќе ги одмерат Арсенал – Челси.

Се` уште се води дебата околу воведувањето на ВАР системот во фудбалот, но најверојатно ќе се применува и во мечевите од Премиер лигата.

ВАР системот се користи во италијанската Серија А, додека во најсилната англиска лига има само гол технологија која се покажа како ефектна помош за судиите.

OhridNews