Системот на видео асистенција на главниот судија (ВАР) ќе биде изложен на тест на островот. Прв пат „ВАР“ технологија ќе биде употребена на контролниот меч кој ќе одиграат Англија и Германија на Вембли.

Видео асистенцијата на главните судии веќе се применува во Серија А и на минимум се сведени сомнителни погодоци или пак досудените удари од белата точка во Италија.

Ако се помине во најдобар ред, а тоа и се очекува Премиер лигата покрај гол технологија ќе добие и видео асистентиција и драстично ќе се намали притисокот од плеќите на судиите.

Токму поради таков притисок минатата сезона од судењето во Премиер лигата се повлече Марк Клатенбург кој важеше за еден од подобрите судии во Англија.

ВАР системот најверојатно ќе се користи на Мундијалот во Русија за што и беше првично воведен, бидејќи низ минатото многу грешки се паметат токму на големите собири.

OhridNews