Иднината на видео технологијата или популарниот ВАР систем зависи од исходот на Светското првенсво кое ќе започне утре во 17 часот со мечот помеѓу Русија и Саудиска Арабија.

ВАР системот кој оваа сезона се користеше во Серија А и Бундес лигата, а од другата и во Шпанија ќе биде на сериозен испит на престојниот Мундијал.

Водечкиот човек на судиската организација во ФИФА, Пјерлујџи Колина оптимист е за користењето на ВАР системот кој треба да биде од голема помош за судиите.

Посебни инструкции на семинарот за судиите пред почетокот на СП добија аситентите околу офсајд позицијата. Колина и останатите предавачи на семинарот им сугерирале на аситентите да не сигнализираат офсајд ако не се 100% сигурни.

– Доколку забележите некој асистент што не го кренал знаменцето, бидете сигурни дека не направил грешка, туку ги следи инструкциите. Кажано им е да не ги креваат знаменцата доколку во прашање е сомнителен офсајд. Доколку судијата не го сигнализира офсајдот, можеби ќе падне гол, во спротивно акцијата би била прекината. Потоа ќе решава ВАР-технологијата. – изјави Колина.

На голем видео бим на стадионите во Русија ќе бидат емитувани спорните моменти и сите на трибините ќе можат да ја гледаат.

OhridNews