Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Вардар заедно со Брегалница, Пелистер и кичевски Напредок во 2013 година ќе бидат под закрила на нивната Општина во која се наоѓаат.


Стабилните спонзори во спортот, а посебно во фудбалот се реткост во моментов затоа екипите од елитното друштво се решија клубовите да ги внесат под “општинска капа“.

Напредок предводен од охриѓанецот Драган Бочески на клупата, првата етапа од сезоната во елитата ја минаа трети низ целта.

Мх.П.