Репрезентативците на Македонија, Кирил Лазаров и Борко Ристовски заедно со останатите соиграчи од Барселна им се придружија на „вардарци“ меѓу четирите најдобри клубови на стариот континент.
Каталонците пред своите гледачи во вториот четвртфинален натпревар го совладаа составот на Кил со 23-18 и ја анулираа и надминаа предноста на германците од првиот натпревар (28-26).
Херој во пласманот на Барселона меѓу ТОП 4 беше голманот Гонзало Перез де Варгас кој собра неверојатни 23 интервенци, Ристовски имаше скромен учинок, а Лазаров со три голови беше стрелец во екипата после Ривера (7) и Виктор Томас (4).
Завршниот турнир во Келн остана без германски преставник, откако Вардар го среди Фленсбург, а Барселона се погрижи за Кил. Останатите два патници ќе се дознаат по реванше мечевите меѓу ПСЖ – Пик Сегед (30-27) односно Монпеље – Веспрем (23-26).
OhridNews