Вардар го совлада Охрид со чисти 2-0 на мечот од петтата рунда одигран на “СРЦ Атина Бојаџи“ . “Црвено – црните“ беа подобриот противник во сите деведесет минути и сосема заслужно ги однесе бодовите од Охрид.


Охриѓани додека имаа сила парираа на скопскиот тим кој во текот на целиот меч делуваше организирано и знаеше што сака. Наградата за нивното залагање стигна во 75 минута со погодокот на офанзивниот Илиевски.

Голот ги пресече “рибарите“ кои падна на психилошки план. По соло продорот Лико, му сервираше на Ранѓелковиќ кој од 20 метри го погоди левиот горен агол на Карамачоски.

По пет одиграни кола охриѓани се наоѓаат на претпоследното место на табелата.

М.П.