Екипата на Вардар убедливо го совлада Еурофарм Пелистер 34:19 и ги детронизира битолчани, освојувајќи ја 15 титула со победа токму против најголемиот ривал.

Вардар е нов ракометен шампион на Македонија. Фото: Горан Момироски I OhridNews

На три кола до крајот Вардар има 10 бода предност над Е. Пелистер, 8 пред Охрид кој вечерва преку јавна објава на социјалните мрежи спортски му ја честита титулата на новиот шампион.

РК Вардар 1961 со вечерашната победа е шампион на Македонија на 3 кола до крајот на првенството! ГРК Охрид упатува искрени честитки за освоената шампионска титула во ракометната супер лига – сезона 2025/2026, стои во објавата на ГРК Охрид.

Токму Охрид и Вардар ќе се сретнат во сабота во рамки на плејофот од Супер лигата.

Г.М.