Вардар триумфираше во Купот на Македонија, со што на најдобар можен начин ја завршува сезоната во која во еден момент се бореше за опстанок.
Во финалето што се одигра вечерва на Националната арена во Скопје, Вардар со два гола на Михаил Талевски славеше против Струга Трим Лум со 2:0.
Г. М.