Ракометна Европа ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот Вардар претрпе минимален пораз (28-27) во полуфиналето од Монпеље на завршниот турнир во Келн.
„Црвено црните“ одиграа натпревар под своите можности во двата правци, а французите максимално го искористија слабиот ден на „вардарци“ и закажаа финале со Нант кој претходно го совлада ПСЖ. Голем пех за „вардарци“ беше повредата на Арпад Штербик на почетокот од второто полувреме, но и со него на голот тимот на функционираше како што треба.
И покрај бледото издание Вардар имаше шанса за егал при резултат 28-27, но ударот на Вуко Борозан заврши надвор од рамките на голот и не успеа да го анулира водечкиот погодок на Симонет десеттина секунди претходно.
Натпреварот за третото место во кое ќе се сретнат Вардар и ПСЖ на програмата е 15 часот и 15 минути, додека во финалето со почеток во 18 часот силите ќе ги одмерат Нант и Монпеље.
Фото: Гол.мк
OhridNews