Македонскиот преставник во фазата по групи во Лигата на Европа, Вардар на домашен терен во третата рунда ќе ги одмери силите со шпанскиот тим Реал Сосиедад.

„Црвено црните“ ги посакуваат првите бодови во групната фаза, а стратегот Чеде Јаневски верува во тоа со добра и организирана игра пред своите гледачи.

– Против себе имаме противник за респект, тим со долга традиција кој што игра во најсилните првенства во Европа и скоро секогаш завршува меѓу првите пет на табелата. И при составувањето на групата, знаевме дека Зенит и Реал Сосиедад се главни фаворити за првите две места. Реал Сосиедад до сега освои само три бода, и тука ќе ја гледа шансата да ги освои трите бода против нас. Ние од натпревар во натпревар одиме во нагорна линија, односно формата ни се подобрува. За да дојдеме до првите бодови во групната фаза, ние добро ги анализиравме во домашното првенство и во Европа. Знаеме дека е добар тим, тим кој што сака да ја има топката во посед, играат офанзивен фудбал, постигнуваат голови исто така и примаат. Значи играат на гол повеќе. Затоа ние добро се подготвуваме на овој натпревар, со една добра организација да бидеме концентрирани од првиот до последениот момент и верувам дека ние ќе ги искористиме нивните слабости. – изјави Јанески.

Натпреварот започнува во 19 часот, а во преостанатиот меч од Л групата, Зенит ќе се сретне со Розенборг.

Двојки:

Група А: Астана – Макаби Тел Авив (17ч), Виљареал – Славија Прага (21:05ч)

Табела: Виљареал 4, Славија Прага 4, Макаби Тел Авив 1, Астана 1

Група Б: Динамо Киев – Јанг Бојс, Скендербег – Партизан

Табела: Динамо Киев 6, Јанг Бојс 2, Партизан 1, Скендербег 1

Група Ц: Брага – Лудогорец, Хофенхајм – Истанбул Башакшехир

Табела: Брага 6, Лудогорец 4, Истанбул Башакшехир 1, Хофенхајм 0

 

Група Д: Милан – АЕК Атина, Австрија Виена – Ријека 

Табела: Милан 6, АЕК Атина 4, Австрија Виена 1, Ријека 0

Група Е: Евертон – Лион, Аталанта – Аполон Лимасол

Табела: Аталанта 4, Лион 2, Аполон Лимасол 1, Евертон 1.

Група Ф: Шериф – Локомотив Москва, Жлин – Копенхаген

Табела: Локомотив Москва 4, Копенхаген 2, Шреиф 2, Жлин 1

Група Г: Хаполе Беер Шева – ФЦСБ (Стеауа), Лугано – Викторија Плзен (19ч)

Табелаа: ФЦСБ (Стеауа) 6, Хапоел Беер Шева 3, Викторија Плзен 3, Лугано 0

Група Х: Бате Борисов – Келн, Црвена Ѕвезда – Арсенал

Табела: Арсенал 6, Црвена Ѕвезда 4, Бате Борисов 1, Келн 0

Група И: Коњаспор – Салзбург, Олимпик Марсеј – Виторија Гимараеш

Табела: Салзбург 4, Коњаспор 3, Олимпик Марсеј 3, Виторија Гимараеш 1

Група Ј: Остерсундс – Атлетик Билбао, Зорија – Херта

Табела: Остерсундс 6, Зорија 3, Атлетик Билбао 1, Херта 1

Група К: Ница – Лацио, Зулте Варегем – Витесе

Табела: Ница 6, Лацио 6, Зулте Варегем 0, Витесе 0

Група Л: Вардар – Реал Сосиедад, Зенит – Розенборг

Табела: Зенит 6, Реал Сосиедад 3, Розенборг 3, Вардар 0

OhridNews