Ракометарите на Вардар со 29-22 (13-10) го совладаа актуелниот шампион во регионалната СЕХА лига, Веспрем во супер дербито кое се одигра во „Јане Сандански“.
Домаќините во текот на целиот натпревар доминираа, а Веспрем само периодично успеваше да ги запре разиграните ракометари во „црвено црни“ дресови.
Со овој триумф „вардарци“ му вратија само дел од „долгот“ на унгарскиот првак од минатата сезона. Веспрем за Вардар беше непреминлива пречка во 1/4 финалето во ЛШ и во финалето од регионалната СЕХА лига.
Приматот најдобар стрелец на мечот го поделија Момир Илиќ и Игор Карачиќ кои реализираа по осум погодоци, а Хрватот имаше голема помош од Тимур Дибиров пет голови и Лука Циндриќ кој заврши со четири голови. На голот Страхиња Милиќ имаше 12 успешни интервенции.
OhridNews