Шампионот на Македонија, Вардар му одржаа лекција по модерен ракомет на хрватскиот првак Загреб победувајќи го со 33-24 во регионалната СЕХА лига.


„Црвено црните“ фуриозно го отворија мечот со што им ставија до знаење на гостински ракометари што ги очекува во Јане Сандански.

Високи десет погодоци ракометарите на Вардар обезбедија во 20-та минута кога на семафарот стоеше (16-6).

Во вториот дел домаќините ја одржаа предноста и ја забележаа осмата победа сезонава во СЕХА лигата.

По пет голови за Вардар постигнаа Горбок, Циндриќ и Ласковиќ, а уште девет ракометари се запишаа во листата на стрелци.

„Црвено црните“ избија на второто место на табелата со еден бод пред Загреб кој пак еден меч помалку. Лидер на табелата е Татран Прешов со девет победи во единаесет натпревари.

Ohridnews