Вардар ја освои титулата во ракометниот шампионат откако во решавачкиот натпревар од Супер лигата го совлада Металург со 22-19 (12-8). “Црвено црните“ со освојувањето на пехарот ја прекинаа тригодишната доминација во македонскиот ракометен шампионат.

Но, покрај беспоштедната битка за победата која значеше титулата, дербито ќе остане запаметено по немилите сцени кои се случија при крајот на првиот дел кога на теренот не се знаеше “кој, што прави“.

Епилогот беше три црвени картони и тоа за Миркуловски во тимот на Металург, Адутовиќ во Вардар, а поради приговор исклучување заработи и тренерот на “црвено црните“, Вујовиќ.

Следната сезона Македонија во Лигата на Шампиони ќе ја преставува Вардар ПРО, а избраниците на Лино Червар не успеаја со трофеј од Супер лигата да ја крунисаат инзводредната сезона.

Мх.П.