Фудбалските клубови Вардар и Хоризонт Турново ќе побараат од ФФМ првите натпревари од шампионатот да ги одиграат на 4 март, а не на 11 март како што неодамна беше договорено првенството да биде одложено.


Вардар и Х.Турново беа единствените клубови кои бараа да нема одложување на стартот на шампионатот, наведувајќи дека биле подготовени да ги исчистат своите фудбалски терени и да обезбедат услови за одигрување на првенствени натпревари.

Тимот на Турново кој во првото пролетно коло му гостува на Охрид 2004 , своето барање го темели на тоа што теренот на Градскиот стадион во Охрид, е едниствениот кој во моментов е оспособен за игра, а подолго време во на “СРЦ Атина Бојаџи“ и се играат пријателски средби меѓу екипите кои дојдоа на подготовки во градот под Самуиловите тврдини.


Од “ЈП Билјанини Извори“ потврдија дека теренот е подготвен за игра и старт на шампионатот.

Но и доколку Турново, испрати барање за настап на 4 март, доста веројатно е да добие негативен одговор од домаќинот ФК Охрид 2004, кој беше еден од деветте прволигаши кои бараа одложување на шампионатот.

Евентуалното презакажување на натпреварите би направило серија претумбации во распоредот на стартот на пролетниот дел.

М.П.