Вардар денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Регионалната лига. Противник на македонскиот првак ќе биде Војводина, а средбата ќе се одигра во СЦ „Билјанини Извори“.
Двете екипи престојуваат во Охрид, каде се подготвуваат за настапот на претстојниот турнир, а денешната средба ќе биде и нивен прв меѓусебен дуел во Регионалната лига оваа сезона.
Натпреварот Вардар – Војводина започнува во 17 часот.
Наскоро и линк за следење на натпреварот во живо.
OhridNews











