Ракометниот клуб Вардар ја одбрани титулата во регионалната СЕХА лига, откако триумфираше на завршниот турнир кој викендов се одржа во Скопје.

„Црвено црните“ во финалето во преполната арена „Јане Сандански“ го совладаа хрватскиот Загреб со 26-24 (14-13) и по четврти пат се искачија на тронот од највисокото место на пиедесталот.

Избраниците на Раул Гонзалес отпорот на хрватите го скршија во последните десеттина минути, кога со серија дојдоа до највисоки пет голови 25-20. Загреб до финишот успеа да ја намали предноста, но не и да избегне пораз и да ја расипе „црвено црната“ забава во Скопје.

Победата во СЕХА лигата треба да биде најава за престојниот дуел на „вардарци“ со Кил во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.

OhridNews