Македонскиот ракометен шампион Вардар се пласираше во финалето од регионалната СЕХА лига победувајќи го Загреб со 26-24 (12-10) по голема борба во полуфиналето.
Двете екипи одиграа храбро, без штедење и нема да биде незаслужено ако овој меч се окарактеризира како финале пред финалето.
„Црвено црните“ во играта по жица имаа повеќе стрпливост и спортска среќа кога ударот на Алекс Душебајев од нозете на голманот на Загреб заврши во мрежата на десет секунди од крајот на мечот.
Во финалето в недела во 19 часот ќе се сретнат ривалите од Лигата на Шампиони, Вардар – Веспрем.
Унгарците во полуфиналето го елиминираа Брест Мешков по изведувањето на пеналите откако регуларните 60 минути и дополнителните десет заврши без победник.
Фото: Екипа.мк
OhridNews