Без победник (31-31) заврши дуелот помеѓу Вардар и Висла Плоцк во Скопје во последната 14-та рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Гостинските ракометари максимално ја искористија лежерноста во составот на Вардар кој пред дуелот во Јане Сандански арената го имаше обезбедено првото место во групата и четвртфиналниот билет.

Во еден дел првото полувреме „црвено црните“ имаат три голови негатива, а во второто се консолидираа и го презедоа водството кое не успеаја да го задржат до крајот.

По завршување на групната фаза ќе се знае двојката по која „црвено црните“ ќе го дознаат ривалот во четвртфиналето. Потенцијални противници се Киелце, Кил и Пик Сегед.

OhridNews