Македонскиот првак Вардар претпре елиминација во квалификацијата од Лигата на Шампиони откако ремизираше 0-0 (севкупни 2-3) на реванш мечот против БАТЕ Борисов.

Натпреварот кој се одигра пред 25 илајди гледачи на реновираниот стадион “Филип Втори“ не понуди квалитетен фудбал, двете екипи повеќе мислеа на резултатот него на играта.

И во една таква слика “гостите“ ги имаа поубавите прилики но не ја погодија мрежата на Захов.  “Црвено-црните“ во финишот на мечот се обидоа да стигнат до победнички гол, но ударите на Ранѓеловиќ и оној на Костовски во 95 минута од мечот ги спречи Горбунов.

Шесста година по ред македонски првак не успева да ја мине првата пречка во квалификациите од Лигата на шампиони.

фото “мкд.мк“
М.П.